Мора да ја уриваме власта

0
1390

На пат за внатрешност на државата застанав да малце поуживам во природните убавини кои на овие краишта ги има во изобилство. Од левата страна на патот – мала река и бројни куќи очигледно празни. Жално е оваа убавина и овие ресурси да тагуваат без луѓе – си мислев во себе. Во мислите ме прекина средновечен човек со вмровска предизборна маичка облечено над кошулата, кој ме поздрави и како да сакаше да се помуабети. Кажа дека селото има 54 куќи, а само три чадат. Живеат едни стари луѓе и јас – вели соговорникот.

Неговиот глас имаше боја на длабока очаеност, а во неговите очи јасно се читаше страдање и тешка животна судбина. Веројатно човекот подолг период живеел под канџите на голата мизерија и запоставеност. Стекнав впечаток дека човекот повеќе се плаши од животот отколку од смрта. Од нас дигнаа раце, и луѓе и држава и Господ – вели соговорникот пуштејќи капка солза во кое се читаше море од владин неморал. Стравуваме дека ќе умреме од глад… По некое време морав да го прашам за маичката, а што ми одговори ќе дознаете на крајот на оваа колумна.

Цврсто верувам дека човекот не е исклучок туку правило на оваа наша трагедија од владеење, која како подвижна несрека е влезена во сечии дом и во сечија душа. Колективните страдања се продукт на индивидуалните мрачни умови на двајца чудаци – Груевски и Ахмети. Бедата кај нивниот морал создала општа човечка беда.

И сега скоро секој ден гледаме растурени човечки животи и самоубивства. И пак „чесниот“ Груевски ќе мобилизирал маса за да направи „извештај на народот“ по моделот на Ќеле-кула. Неговата власт полна со дуинг бизнис, од државата истерала над 630 илјади луѓе. Уште три мандата му треба за да остане сам со своите бездушни споменици. Но, Груевски продолжува како „спасител“ да шета по државата и да „решава“ случајни проблеми кои 10 години системски ги уништил. Ја „спасува“ држават која самиот десет години ја дави. Сега им наоѓа лек на болните, вид на слепите, душа на умрените.

Премиерот стана лекар, дијагностичар, фармацеут, економист, гастроном, астроном и врвен архитект. Неговиот министер за здравство здравството го довел до кома. Неговата министерка за внатрешни работи, човечињата на МВР го претвори во слуги на ВМР-о. Економијата ја претворија во грабеж. Образованието и науката во неписменство. Културата во канализација. Судството во слуга, а администрацијата по заслуга. Долгот од 2,3 милјарди евра колу што беше пред десет години, сега стаса до астрономски шест милјарди – кои или залудно потошени или украдени. Нашите деца доживотно ќе плаќаат туѓи арамилаци. А „Скопје 2014“ е само густа магла за да тој грабеж биде невидлив. А луѓето не сме да се жалат ниту да плачат. Тоа им е забрането.

Од космос се гледа дека во ВМРО нема маж со муда кој вистината ќе ја погледне во очи и ќе каже – ова мора да се ампутира. Сите понижени измеќари околу лидерот, спремни трајно да продаваат делови на своето достоинството за да лижат понекоја фрлена коска, несвесни дека трајно ги уништуваат нивните блиски.

Веројатно наскоро целото ВМРО ќе тоне и ќе се удави, оти Груевски и стана многу тежок камен околу вратот. А за сите нас, крајно е времето да сфатиме дека тоталитарни режими не заминуваат ниту лесно ниту брзо, а често и не без жртви.

Борбата со Талибанците траеше со години. Со ИСИС веќе две години. А има ли разлика меѓу нивните водачи и нашите? И тие уништија држави, животи, судбинни и култури. Талибанците ги уриваа џиновските статуи три илјади години стари. ИСИС уништи непреценливо наследство вклучувајќи го и асирскиот град Намруд 35 века стар. Нашиве Талибанци и Исисовци рушеле се и не доведоа во друштво со Руанда и Сомалија. За да се спасаат (иако по никоја математика тоа не е можна), тие ќе продолжуваат да играт со ѓваволот. Ќе смислат федерализации, поделби, спасувања и што не. Но, првин ние треба да се спасуваме од нив. Не треба да чекаме само од меѓународниот фактор и од опозицијата, туку секој од нас треба нешто да преземе. Како граѓани, како здруженија, како луѓе.

Првин треба да ги блокираме кур-тел фабриките за лаги и омраза. Само тие уште го држат режимот во живот. Мора да се бориме притив нив поинаку ќе дозволиме да не докрајчат. Мора да ја уриваме власта оти секој ден ни е загуба плус. Сопственици, уредници и новинари мора да завршат пред суд за ова злосторничко здружување.

И некој ќе мора да одговара за се ова. Меѓу другото и за тоа како државата од лидер во регионот по сите параметри стана последна (дури и Косово не надмина)!? Како стасавме меѓу 180 држави да бидеме 12 на светот по мизеријата!? Како над половина милион луѓе во држават живеат во сиромаштија (од кои околу 200 илјади со помалце од 40 денари дневно)!? Зошто се случи (и продолжува и понатаму) екзодусот!? И нашите пари мора да ги вратиме. А за вмровската маичкате – човекот признал дека нема друго што да облече!

Пишува : Мерсел Биљали