Мијалков ги активира режимските пушинели и измеќари од Уставниот суд: Ја потврдија пресудата против „Фокус“ за нарушување на честа и угледот на Бате Саше!

0
1031

mijalkov.fokus

Уставниот суд го одби барањето за заштита на слободите и правата поднесено од новинарите Владо Апостолов и Јадранка Костова, во врска со пресудата со која тие беа парично казнети за нарушување на честа и угледот на некогашниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков, пренесува „Фокус“.

Инаку, Мијалков ја поднесе тужбата против весникот Фокус поради два објавени текста, чии написи се засновани врз изјави на поранешниот амбасадор Игор Илиевски, кој изнесува обвинувања против екс шефот на УБК.

Основниот суд Скопје – Скопје 2 пресуди дека тужените новинари се одговорни за клевета сторена спрема тужителот Мијалков, а Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда.

Уставниот суд  во својата одлука наведува дека пониските судови правилно утврдиле дека не постојат основи за исклучување на одговорноста на Апостолов и главниот и одговорен уредник Костова за објавените написи.

Во одлуката на највисокиот суд се наведува дека информациите не содржеле информации од јавен интерес и туку имале интенција „да се започне пренесување на гласини, кои сериозно повредувале нечие право на чест и углед“.

Подносителите на барањето, Апостолов и Костова, пак, велат дека објавувањето во написите било направено со цел да се поттикне дебата за прашања од јавен интерес, односно содржината на текстовите неспорно се однесувала на прашања од јавен интерес.