Министерот Спасовски започна со смени на раководните позиции во полициските станицие

0
963

По повеќе од еден месец откако Оливер Спасовски застана на челната позиција на Министерството за внатрешни работи, тој денеска ја донесе првата одлука за прераспределба – Игор Митевски е нов командир на кумановската полициска станица, јави 24 Вести.

Од Министерството за внатрешни велат изјавиле промената е направена бидејќи претходникот на Митевски, Антон Витковски имал само времена функција командир. Именувањето ќе биде финално кога одлуката на Советот на општината ќе пристигне во министерството по што ќе биде подготвено решението, додаваат од МВР.