Милчин: Строго контролирани граѓани на Грујостан

0
981

Куртонските доушници дојавиле дека денес претпладнето Ванхауте пиел кафе со мене и со уште неколкумина други во ресторанот “Гурмет”. Демек, тајна средба на “тајно место”! Чуле-не дочуле. Јас не сум од “челните луѓе” на фондацијата Сорос веќе седум и пол месеци, ама куртоните се прават дека не го знаат тоа. За да можат да ги подгреваат оладените манџи.

Средбата беше приватна и нема никаква врска со фондацијата. И, да го цитирам Ванхауте, и јас во оваа држава имам право на приватност и на пиење кафе со луѓе чие мислење ме интересира. И немам намера да барам дозвола за тоа ни од Груевски ни од неговите куртони. Отрпнав веќе на прислушувањето и клеветењето. Носете се, бре, гнаси!

Фејсбук статус на Владимир Милчин