Масакар: Денеска ни ги досекле дрвата во дворот на зградата

0
1234

Денеска ни ги досекле дрвата во дворот на зградата. Масакр. Стари од 30 до 60 години. Татко ми (84) се обидел да ги спречи, не успеал.

Не се знае ни зашто ги сечат. Паркингот го прекопале па претпоставуваме дека ќе прават нов, иако и на досегашниот не му фалеше ништо. Особено не морале да ги сечат оние долж оградата. Ама сила бога не моли.

За едно од дрвата особено ќе ги фати клетвата. Пред 40 години, на зима, на тоа место правевме лизганица. Кога патот на лизганицата доаѓаше до дрвото, таа се двоеше, го заобиколуваше, и по дрвото повторно се спојуваше во едно. Дрвото преживеа. Пред 25 години на тоа место се асфалтираше пат, дрвото не го исекоа, патот го накривија малку. Денеска на 30.12.2015 му ебаа мајката.

Да се сотрат сите што учествувале во одлуката!

Герман Филков, Фејсбук статус, 30.12.15.