Малите големи успеси на граѓаните. Продолжи ја низата или продолжи ја борбата!

0
949

Младинските организации спречија носење закон за млади со кој власта имаше намера да го контролира младинското организирање;

Новинарот Огнен Јанески со поддршка од активистите се избори Вања Лазарова да добие национална пензија;

Студентите притиснаа да започне реконструкција на студентскиот дом Гоце Делчев;

Еко активистите спречија изградба на Луково Поле и ја спасија Радика; Еко активистите предизвикаа трајно или привремено затворање на три големи загадувачки капацитети:

Топилница Велес, Железара Скопје и Југохром Тетово;

Чаирчани спречија сеча на зеленилото во својата општина;

Скопјани спречија барокизација и упад во функционалноста на ГТЦ; Граѓаните иницираа и издејствуваа укинување на ДДВ на донации;

Студентите спречија воведување државен испит во високото образование;

Активистите се изборија за укинување на неправедните давачки за хонорарците;

Средношколците предизвикаа низа промени во моделот на екстерното тестирање, иако власта не попушти до крај и не го укина; Средношколците се изборија да се задржи стариот концепт на државна матура, а математиката да остане изборна;

Притисокот на критичката јавност влијаеше за ослободување на новинарот Кежаровски;

Здружените опозициски протести беа дел од причината да се формира Специјално јавно обвинителство и преодна влада, да започне процес на прочистување на избирачки список и Груевски да си поднесе оставка;

Битолчани спречија продажба на Офицерскиот дом како резултат на партиска одлука;

Марјан Забрчанец
фејсбук статус