Македонската дил ориентед власт го продава битолскиот Версај

0
1137

Архитектонскиот бисер и културен центар на Битола, Офицерскиот дом, ќе се продавa преку електронско наддавање. Вкупната проценета вредност, според огласот изнесува 900.000 евра и ќе се продава како една целина. Јавното наддавање за продажба ќе се одржи на 19 февруари 2016 година во 12,00 часот.

Офицерскиот дом е започнат е да се гради во 1911 година, пред доаѓањето на турскиот султан Решат Петти. Според експертите, претставува редок пример на архитектура, со голема и одмерена архитектонска естетика, а носи и печат на оригиналност и неповторливост. Затоа, не е изненадување што најавата за негова продажба предизвика бројни негативни реакции кај битолчани, кои се против продажбата на една од најубавите градби и еден од највпечатливите симболи на градот Битола.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со д-р Александар Стерјовски, хроничар на Битола, со д-рРоберт Трајковски, историчар и со актерот Борис Чоревски, доајен на битолскиот театар.

“Офицерскиот дом еден подолг период беше, всушност, Дом на културата. Таму се одржувале театарски претстави, концерти и што уште не. И, се разбира, претставува архитектонски украс на градот. Ова што сега се презема, односно, продажбата – е голема штета и за Офицерскиот дом  и за градот Битола. Мојот став, како граѓанин и хроничар на Битола, е дека тоа никако не треба да се направи! Домот треба да му припадне на НУ Завод и Музеј или на Домот на културата како негов депанданс, или на Општина Битола и да си го најде она место за кое служел долги децении, односно, да биде дом на култура, место каде се одржуваат културни манифестации… И така да си го врати сјајот. Оти, ние во Битола сме така навикнати, така го препознаваме и така го сакаме.  Приватник не смее да влезе, оти знаеме што ќе се случи. Слушнав дека има и обиди  да биде коцкарница,  тоа е жално. Тоа е мој став, и на многу битолчани. За нас, како членови на неформалното здружение на граѓани “Вљубеници во Битола”, самото име кажува каков е нашиот однос кон овој објект. Имамe поднесено 6-7 писма до Општина Битола и побаравме заштита на Офицерскиот дом”, изјави Стерјовски во телефонскиот разговор за ЦИВИЛ Медиа.

Актерот Чоревски, се сомнева во искрените намери на Општина Битола која реши да го продава Офицерскиот дом. Тој смета дека ако во последните 10 години постојано се вложуваше во домот, повторно ќе беше вратен неговиот сјај.

текстот во целост прочитајте го ОВДЕ