МЕДИУМСКА БОМБА: Бизнисменот кој вози Сеат во бомбите на Заев отвора телевизија вредна милиони евра со намера да земе дел од колачот од Сител и Канал 5!

0
1080

Весникот Слободен Печат објави дека новопечениот олигарх Сеад Кочан отвора мулти милионска телевизија. Тој е една од ѕвездите од снимките од бомбите на Заев каде можеше да се слушне дека под инструкции на Груевски добивал наместени тендери во РЕК Битола.

Неговата фирма Трансмет стана позната по добивањето јавни набавки низ целата земја за градење на разни објекти и патишта и плоштади. Последен проект е дел од автопатот до Охрид и новото реновирање на плоштадот во Скопје вредно неколку милиони евра.

Според Слободен Печат новата телевизија ќе се викала Нова и ќе имала многу скапа опрема вредна неколку милиони евра. Целта била да се одземе дел од колачот на Сител и Канал 5. Останува да видиме која ќе биде новинарската екипа која ќе работи во ова најново куртонско дувло.