МЕГА МЕГА МЕГА БОМБА НА 24 ВЕСТИ! Црвен: Mи се закануваат оти кажав за местењето на Заев!

0
2228
crven-24vesti
Бошко Јосимовски – Црвен тврди дека животот и безбедноста на неговото семејство се во опасност. Секојдневни закани почнале по интервјуто во  Фокус во кое изјави дека  луѓе од партијата на власт го уценувале да го намести Зоран Заев како нарачател на насилните протести за Мартин Нешковски. Заканите вели нема да му го променат мислењето и ќе продолжи да ја критикува власта.
„Ми ја изгореле душата,  не се плашам јас за мене , но ми го држат семејството во страв, мајка ми не седи дома, брат ми отиде во странство,“ вели Бошко Јосимовски – Црвен.
Поради учеството во протестите Јосимовски доби највисока казна од сите уапсени. 2 ипол години затвор. Потврдата од Апелација ја добил на Бадник. Сега ги брои деновите пред да биде пренесен во затвор за одлежување на казната.  И тогаш и сега, ги отфрла обвинувањата дека по наредба бил пратен да прави неред на протестите,  на кои со такси пристигнал сам.
– Еден час бев присилуван дека Заев кого не го познавав 2 дена претходно ми наредил да ја нападнам полицијата.
– Потпиша ли ?
– Не како може да потпишам нешто што не е точно, вели Јосимовски
За да ја докаже вистинитоста на овие тврдења бара да седне и на детектор за лаги. Најавува тужба за клевета на медиумите кои овјавиле дека има 40 кривични дела и над 14 разбојништва.
Од новиот министер за внатрешни Оливер Спасовски бара да отвори истрага која ќе докаже кој и зошто сака да го намести како организатор на насилни протести поврзувајќи го со одредени политички структури.

Видео и извор : 24 вести