Лоренс Оер: Загрижени сме, но да му дадеме шанса на договорот од Пржино

0
987

Лоренс Оер, aмбасадорката на Франција во Македонија, денеска изрази загриженост за спроведувањето на Договорот од Пржино и изјави дека веруваат во него и оти на договорот треба да му се даде шанса тој да биде спроведен во целост.

Оер, при средбата во Собранието со пратеничката група за пријателство со францускиот парламент, не кажа дали Македонија ќе ја загуби препораката за членство во ЕУ или таа ќе биде условена. Но, таа потврди дека набргу ќе биде објавен новиот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ. Според неа, одговорност за спроведување на Договорот од Пржино имаат сите негови потписници.