Лекарите порачаа: Нема операции на Клинички додека Никола Тодоров не си поднесе оставка!

0
993

Лекарите од клинички центар истапуваат со барања пред властите, по денешниот настан во кој еден доктор беше ранет со огнено оружје, јавува Фокус.

Тие бараат оставка од министерот за здравство Никола Тодоров и итни измени на законите што ја регулирраат оваа сфера. Во спротивно се закануваат дека нема да вршат воопшто операции на клиничкиот центар во хируршките клиники.

– Морална одговорност од министерот за здравство, законот за здравствена заштита да се врати како тој пред 2011 година, од кога со измените лекарите се доведени во ваква состојба и Лекарската комора да предложи закон за лекари кој Владата ќе го прифати без забелешки – се барањата на лекарите по денешната средба.

Во хирургот Љубомир Оненовиќ беше пукано од страна на роднини на пациент кој почина. Хирургот е надвор од животна опаснопст.

Клиниките во моментов се затворени. Во болницата врие од полиција, а не се пропуштаат нови пациенти, освен, се разбира ако не станува збор за итен случај.