ЛК СДММ Кр.Паланка: Времето на страв помина. Од Април се раѓа ново сонце на слободата!

0
969

Одговор на реакцијата на УМС на Вмро Дпмне Крива Паланка

12244025_759912230803218_1748220205_n

Почитувани од УМС Крива Паланка.

Нас ни е чест што конечно после доолги години молк се одваживте да проговорите за одредена тема.

Во врска со вашето соопштение и текст, би сакале да Ве упатиме и охрабриме уште еднаш да го прочитате банерот што стоеше денес. (кој воедно Вие нај вандалски го скинавте).

“НЕМА ВЕЌЕ МВРО-ВМРО”

Значи другари од УМС. Ние не омаловажуваме и дискредитираме никого, ние само ги запознаваме граѓаните дека од пред некој ден МВР започна со својата професионална работа.
Ги запознаваме граѓаните дека МВР е раководено од Оливер Спасовски кој и става крај на партизацијата и злоупотребата на ова министерство за партиски цели.

Почитувани од УМС, Вие добро знаете дека МВР веќе
работи професионално и во служба на граѓаните.

Добро знаете дека МВР веќе не е во служба на ВМРО ДПМНЕ. Знаете дека МВР не е веќе на фамилијата, не е на партијата, не е на поединци.. не е на вашиот штаб. Туку е на граѓаните! Во нивна служба. Онака како што треба да биде. По Устав и закони!

И тоа Ве боли. Ве боли што веќе во МВР нема да има партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ или како што викаше Горде, МВРО-ВМРО. Ве боли што веќе нема да можете да ги праќате нашите автобуси на технички само за да не стигнат на митинг.
Знаеме дека Ве боли. Но ќе мора да се помирите. Промените доаѓаат, промените се неизбежни.

А флаери, летоци банери и се што следи, ќе следи во огромен број. Ова е само почеток.

Македонија ќе биде слободна. Крива Паланка ќе биде слободна. Времето на страв помина. Од Април се раѓа ново сонце на слободата !

Искрено ваши,
ЛК СДММ Крива Паланка