ЛИСТАТА НА РЕЖИМСКИ ТАФТАБИТИ КОИ ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ МВР СЕ ПРОШИРУВА : И Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски и Амди Бајрам користеле возила и обезбедување на МВР

0
1461

Кирил Божиновски генерален секретар на Влада на РМ, Мартин Протуѓер советник на Груевски, Гоце Ѓуклевски национален координатор на телото за гранична безбедност и пратеникот Амди Бајрам, сите овие се на листата корисници на службени возила и обезбедување од МВР, кои според министерот Оливер Спасовски незаконски им биле доделени, пренесе Телма.

Како што вчера објави Телма на списокот се и Емил Димитриев генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Михалјо Маневски поранешен министер за правда како и Јохан Трчуловски .

Сите овие користеле возила и обезбедување врз основа на усна наредба од поранешен началник на Шестата управа.

Министерот Оливер Спасовски на први декември дал наредба да им бидат одземени овие бенифиции и тој рече дека во МВР ќе се спроведе интерна постапка за да се утврди кој се ја злоупотребил функцијата, дали има основа за крично гонење и колку пари од министерството се потрошени за ова.

Спасовски објави дека во моментов обезбедување и возила користат и поранешната министерка Гордана Јанкуловска и порашешниот директор на УБК Сашо Мијалков, но дека тоа е врз основа на направена безбедносна проценка. Сепак ќе се направи проверка дали проценката била донесена во согласност со законот.

Тие имаат право на оваа бенифиција во траење од една година.