ЛДП: Репресиите на власта ги оставија болниците без кадар

0
1100

Трибина-ЛДП-Битола-3-685x320

Македонското здравство се распаѓа пред бројните реформи на власта. Најлоша е состојбата во болничката здравствена заштита. Сега е последниот момент да се направи реорганизација,да се обзнани колку лекари заминале во странство и во приватното здравство, за да преземат мерки за надминување на состојбата, предупреди Никола Пановски, претседател на Советот за здравство на Либерално-демократската партија (ЛДП), на трибината во Битола, како дел од серијалот „Македонија после Груевизмот – Либерални решенија“.

Пановски, анализирајќи ги состојбите во примарното, секундарното и терцијалното здравство, по реформите на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека за многу скоро граѓаните ќе го почувствуваат недостигот на матични лекари, гинеколози, педијатри и стоматолози.

– Просечната старост на матичните лекари е 58 години. Според проценките, за три години 1.300 матични лекари ќе заминат во пензија. Истовремено, репресивните финансиски мерки на власта и омаловажувањата на здравствените работници директно се одразуваат врз здравствената заштита на пациентите – рече Пановски.

Трибина-ЛДП-Битола-14

Од ЛДП сметаат дека најтешките последици од реформите на власта ги трпат болниците и покрај тоа што речиси сите добија скапа опрема и апаратура.

– Ситуацијата во болниците е најлоша, иако таму се растовари скапа опрема. Тоа е како на сиромав човек да му купите „мерцедес“, како оној на премиерот од 600.000 евра. И при тоа да му кажете дека мора да се вози и секој месец да го носи на сервис, а тој нема ниту скршена пара. Значи ако болницата нема пари за сервис на опремата, потрошен материјал и секако ако нема обучен кадар таа ќе биде надвор од употреба, појасни Пановски.

Трибина-ЛДП-Битола-1