Куновска ги нарече пратениците од ВМРО-ДПМНЕ злосторничко здружение, Вељаноски ја прекина седницата

0
972

Пратеничката од СДСМ, Софија Куновска, ги нарече злосторничко здружение пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската расправа на која треба да се изгласаат тројцата експерти кои ќе бидат дел од Државната изборна комисија, пренесе А1он.

Пратениците од владејачката партија реагираа бурно на оваа квалификација и тропаа со раце по масите, а претседателот на Собранието, Трајко Вељановски се најде навреден и ја прекина седницата.

-Како пратеници не смеете да го злоупотребувате својот имунитет како пратеници и треба да внимавате што ќе кажете. Своите лични фрустрации не смееш да ги изнесуваш на говорница – и рече Вељановски на пратеничката и ги повика координаторите да воведат ред во своите пратенички групи.