Кум Ставре денеска треба да сведочи пред Анкетната комисија

0
1177

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, денеска во 14.30 часот треба да сведочи пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

Се очекува министерот за финансии, како и премиерот, да се повика на член 4, став 4 од деловникот за работа на комисијата и седницата да биде затворена.

Според деловникот, први ќе поставуваат прашања двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, еден од СДСМ и еден од ДУИ.

Потоа кругот за прашања ќе се повтори, но наместо ДУИ, прашања ќе поставува ДПА, а во третиот круг прашања ќе поставува независната пратеничка Роза Топузовска-Каревска.