Крмакот на Црни Грујо, Миленко повторно се заканува, ќе одел по куќи да се пресметува

0
1018

Миленко Неделковски повторно преку својот фејсбук профил се заканува дека кога ќе дошло време, заедно со неговата група ќе тргнел од врата на врата и ќе се пресметал со неколкумина кои ги имал на својата листа.

Лицата кои тој ги посочува ги наведува со иницијали. Неделковски вели дека откако ќе се пресметал со првата група, ќе појадувал, па ќе продолжел и со остатокот од наведените на листата.

Дел од лицата кои ги посочува Неделковски вчера неофицијално се обратиле до МВР и побарале полицијата законски да реагира, но од таму добиле одговор дека не се надлежни. Според законските обврски, не само ОЈО, туку и МВР е должно да реагира кога некој подготвува или заговара подготовка на кривично дело.

12395671_843197132468650_1245684831_n-1