Кире Наумов во Свети Николе: И земјата и парите ќе ви ги вратат

0
999

За да преживее овчеполието земјата мора да се врати на вистинските земјоделци, апелираат жителите во Свети Николе.

Кажуваат дека се доделува државно земјиште по партиска линија, дека луѓето земјоделци аргатуваат за дневници со коишто не можат да си го прехранат семејството во текот на денот.

Со нив разговараше претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик министер за финансии Кире Наумов, кој заедно со претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ, Мирослав Вујиќ беше во посета на Свети Николе.

-Земјата ќе ја вратиме кај вистинските земјоделци, кај вас, работливите луѓе и граѓани, им рече дополнителниот заменик министер за финансии Наумов.

Жителите од село Црнилиште, во 21 век немаат пат, немаат канализација. Знаат тие дека само со една четвртина потрошени народни пари за еден споменик во Скопје, можат да се решат основните комунални потреби на целото село, но власта не го прави тоа.

Жителите на село Мустафино низ очај прават споредба дека тие живеат во незапаметена сиромаштија, без леб, додека трње ја обраснува земјата што Груевски му ја даде на криминалецот Субрата Рој.

-Случајот со Субрата Рој е само еден пример на виртуелна инвестиција којашто не само што не им помогна на граѓаните на Македонија туку им нанесе штети. Власта на Груевски дава милиони евра народни пари како државна помош на компании што ќе дојдат во Македонија, ќе ги земат парите и ќе си заминат. А за тие пари да отидат на сметките на виртуелните странски инвестиции на Ставрески и Груевски, тие ги задолжуваат граѓаните. Ставрески почна да прекшува закони за да ги покрива задолжувањата, но тие веќе не се кријат, рече Наумов.

Во обраќањето во Свети Николе тој порача дека оваа власт заминува, но дека парите што ги украдоа од граѓаните, ќе мора да ги вратат.

12642444_1079091702122181_2930161622893893726_n 12645246_1079091535455531_3380484688242218851_n 12647450_1079092942122057_7086840829017113756_n