Кирацовски пред битолчани го запука Грујота : Груевски не се гибајте со битолчани не ја гибајте Битола, однапред битката ви е загубена!

0
949

Во Битола се  одржа мирен протест за враќање на Офицерскиот дом во трајно владение на градот.  Протестот го организираа опозициските партии во Советот на општина Битола  со поддршка на граѓански организации.

Битолчани побараа од Владата да издвои пари од државниот буџет за реконструкција на  објектот и  да донесе одлука овој објект како вреден и  значен дел од културното наслeдство на Битола  да не се продава“

12640242_971743382905163_7472156563181467863_o

Претставници на власта ова е офицерски дом на Битола ниту го изградивте ниту ги спечаливте и нема ни да ви дозволиме да го раскчмите нема да ви дозволиме ни повеќе да бидете власт затоа  не сте домаќини туку сте криминалци. Битола ја гледате како акционерско друштво но тоа кај битолчани нема да ви помине- рече Кирацовски

12628381_971743699571798_2823310026414556919_o

Јас сум политички претставник но сум роден во Битола и тука живеам. Првите чекори сум ги заживеал тука сум расател и сум се радувал на овој прекрасен град и јас исто како и вие знаеме нешто што Груевски и фамилијата не го знае .Груевски не се гибајте со Битолчани не чепкајте ја битолската култура таа битка ви е однапред загубена – додаде Александар Кирацовски