Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од мојата работа, затоа лаже

0
908

„Најостро ги демантирам лагите што потекнаа од гласилото Курир. Никогаш во животот не сум повредил некого. Ова е груба лага и тешка клевета. За клеветата барам Курир и другите медиуми што ја презедоа веста, да се извинат, во спротивно ќе поднесам тужба.

ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола лаже за тесно партиски цели. Злоупотребуваат настан во којшто пред 15 години, на 18 годинша возраст, спасив двајца другари повредени од насилници. Ги однесов во Брза помош.

Едно од момчињата кое го спасив е син на Илија Србиновски од ВМРО-ДПМНЕ, актуелен подрачен министер за земјоделство во Битола. Србиновски знае дека неговите сопартијци лажат. Ете тоа е вистината.

Ова што го прави раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку Курир е обид за притисок врз мене и мојата работа од којашто се плашат. Порачувам, нема да ме спречат“, вели во својата реакција, Александар Кирацовски.