Кекеновски: Македонија плен или заложник на психопати?!

0
1251

Како што пишува Мирка Велиновска во својот текст ,,Македонија е плен на психопати” објавен во весникот ,,Дневник”, британскиот писател Сем Геранс во својот текст ,,Психопатијата на психопатот“ поставува медицинско-политичка дијагноза за одреден тип на луѓе кои се етикетирани како психопати.

Според Гаренс, како што пишува Велиновска ,,главната разлика помеѓу нормалните луѓе и малите и големи психопати е во тоа што нормалните имаат граница која не ја преминуваат кога прават лоши работи, а во тоа ги спречува активираната совест која им порачува ако сториш вакво нешто со тоа нема да можеш да живееш. Затоа, нормалните луѓе на ненормалните нешта што ги сторил некој психопат реагираат со зборовите: ,,каде ќе му оди душата“, „како може мирно да спие“, „не ли му е страв од клетва и божја казна“ и сл.

Психопатот нема чувствена врска со своите акции. Нему му е важно да го добие она што го сака. За него нема никаква разлика дали сака да го опљачка своето семејство, да го убие своето дете кое му пречи или да нарача масовен масакр, да урне држава, да истреби народ, да пеплоса градови, за да добие профит. Притоа, психопатот секогаш е убеден дека вината за неговите акции паѓа на жртвите. Тој секогаш е ,,невин“.”

П.С. Со овие извадоци од текстот во потполност сум согласен. Без разлика на тоа што текстот е наменет за Сорос, сепак во него постојат толку точни поставки и дефинирања што секоја сличност со психопатите во Македонија сметам дека не е случајна.

Затоа би било реално јасно и гласно да кажеме дека Македонија во еден дел е плен, но жално е што во најголем дел стана, но и во моментов е заложник на домашните психопати.

Јове Кекеновски – Фејсбук статус