Катица почна да го пролистува тефтерчето на Јанкулоска: Специјалните обвинители го „чешлаат“ Основен суд два!

0
1103

Специјалното јавно обвинителство се очекува да отвори постапки и против судии од Основниот суд Скопје 2, Скопје. Сведок дознава дека специјалните обвинители побарале предмети од судот, што било аларм за тревога, па сите прашувале какви предмети се барале, кој биле странки во нив и кои судии суделе.

Според информациите на Сведок, покрај предметите, наводно истражителите веќе разговарале и со претседателот на граѓанскиот суд.

На прашањата на „Сведок“ дали биле побарани предмети и бил распрашуван претседателот, портпаролката на судот Сања Томиќ потврди дека од Специјалното јавно обвинителство биле побарани предмети, кои судот им ги доставил.

Овој суд е граѓански, но во него има оддели кои судат граѓански, стопански предмети, стечај, работни спорови и најчесто споменуваните предмети за клевета и навреда, каде што беа донесени пресуди да им се исплатат десетици илјади евра штета на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Елизабета Канческа Милевска и други функционери на власта кои добија пресуди во нивна корист а на штета на пратеници, новинари, граѓански активисти.

Во Законот за специјалното јавно обвинителсто на обвинителите им е дадена можност да покренат и граѓански постапки ако најдат докази за тоа.