Кампања на клоци

0
1043

Груевски додека беше премиер порачуваше шамари да им се удираат на неговите политички конкуренти.Слушнавме и за закани со фрлањето во ендеци, сместувањето во затвори и нарачки да бидат сотрени „комуњарите„ и сите што не мислат како него.
Сега се гледа дека го надградил својот речник, па жените, членки на неговата партија ги повикува на избори кои ќе биле „казна и одмазда„ за се што некој им направил.
Ќе докажувал на изборите кој е кој и чија е оваа Македонија во која некој се дрзнал да му се меша во неговата власт.
Ќе си ја врател делумно одземената власт, и „на клоци„ ќе ги избркал на сила насадените функционери од опозицијата во власта.
Нема веќе никогаш да дозволел некој да се обиде да дојде на власт во Македонија со помош на „криминалци и фалсификатори, со Чауши, , Катици и Вахојтовци и продавачи на магла чија главна цел била рекетирање на бизнисмените.
Груевски јавно соопшти кон кого е насочена неговата одмазда и на кого тој би му удирал клоци.
Тој објави војна, а не повика на избори.


Тој јасно порача, колку е лут заради тоа што некој на сила му зел дел од парламентараната, извршната и судската власт за која смета дека само нему му припаѓа.
Јавно повика, неговите подржувачи да излезат на избори за да им удри клоци не само на министрите од опозицијата туку и на Катица , на Ванхојте и на ЕУ и на НАТО.
На сите во ЕУ и во НАТО, што ја фалеа неговата „мудрост„ за прифаќањето на компромисот во процесот на решавањето на кризата, по ова треба да им биде јасно како тој ги замислува изборите и што мисли да прави за време на тие избори и по нив.
Груевски гори од желба за политичка одмазда со сите средства што му стојат на располагање.
Тој изборите ги подразбира како казна и политичка одмазда кон сите кои се дрзнале да чепнат во неговата власт и неговиот начин на владеење.


Тој во ист ред со криминалците ги става и Катица и Ванхојте и јасно повикува на еден вид линч на опозицијата и на оние кои според него и помагаат нејзе а не на Македонија. По изборите порачува тој, ќе се знаело чија е Македонија и „неговиот народ„ нема да дозволел „криминалец и измамник„ (поголем од него- заб. моја) да дојде на власт.

 

Сето ова треба да биде големо освестување и за опозицијата. Таа не треба да се плаши од овој простаклук на Груевски. Тој ќе вреска и ќе се заканува со клоци уште посилно до денот на изборите затоа што е смртно уплашен да не биде силно клоцнат прво од специјалното јавно обвинителство за сите криминали за кои слушна и разбра народот а потоа и од народот, за секогаш.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов