Како режимот ја полнеше администрацијата со ПАРАЗИТИ изминатите 10 години?

0
1028

Никој не знае колку точно луѓе земаат плата на товар на државниот и општинските буџети. Според власта таа бројка е 128 илјади луѓе, а неофицијалните бројки кои неодамна беа изнесени и од Европската комисија достигнуваат и до 175 илјади вработени. Истражувањето на Капитал за тоа колку и во кои институции имало најмногу вработувања во изминатите 10 години покажува дека во некои државни институции бројот на вработени е зголемен двојно, па дури и неколкукратно. Бројот на администрацијата, пак, во општините во изминативе седум години е зголемена за цели 80%. Овие масовни вработувања во администрацијата се случува во време кога Македонија во изминативе десет години остварува просечни годишни стапки на економски раст од околу 3%, пишува „Капитал“.

И покрај тоа што Македонија има посебно министерство за администрација, прашањето колку вработени земаат плата на товар на државниот и општинските буџети се уште нема јасен и прецизен одговор. Или ова прашање има повеќе можни одговори. Неофицијалните податоци тврдат дека бројот на вработени во јавниот сектор во Македонија се движи од 120.000 до 180.000. Можеби единствена попрецизна бројка дава Брисел во Извештајот за напредокот на земјата кон ЕУ, во која потенцира дека 25% од вработените во земјата работат во јавниот сектор. Тоа преведено во апсолутна бројка значи дека 170.000 луѓе работат на државна сметка.

По овие објавени информации, се огласи и Министерството за информатичко општество и администрација кое тврди дека во моментот 128.530 луѓе работат во администрацијата и јавните претпријатија. Но, ниту една институција нема бројка колкав е бројот на привремени вработувања кои работат со договор на дело, а немаат трајни вработувања.
Колку за споредба, во 2009 година јавната администрација во Македонија броела околу 115 илјади вработени.
Во речиси секој извештај од Европската комисија Македонија добива критика за преголемата и партизирана администрација. Во последниот извештај македонската власт се предупредува под итно да се справи со политизацијата на јавната администрација и да се суспендира трајното вработувања на привремените вработени или вработените со договор на дело.

Иако со Пржинскиот договор, како и во извештајот од Европската комисија беше договорено и наложено власта да сопре со трансформацијата на привремените вработувања во трајни, тој процес продолжува со исто темпо Податоците од Бирото за јавни набавки покажуваат дека државните институции и во изминативе неколку месеци секојдневно продолжуваат да ангажираат услуги од агенциите за привремени вработувања.

Неодамна, новиот заменик министер за финансии Кире Наумов изјави дека владата на СДСМ ќе има 20 министри, а не 26 министри како досега, а бројот на пратеници од досегашните 123 ќе се намали на 90 до 100.

„Визијата за Македонија“ јасно кажуваме дека никој во јавната администрација не треба да стравува за своето работно место доколку професионално и одговорно си ги извршува своите работни задачи. Единствено што ќе намалиме е бројот на министерства. Во Германија, на пример, на пет милиони граѓани имате еден министер. Во Македонија имаме еден министер на 81.000 граѓани”, вели Наумов.

Изјавата на Наумов е една од ретките јавно дадени изјави на некој политичар во Македонија во изминативе неколку години за потребата од реформи и намалување на бројот на вработени во јавната администрација.

Целата анализа ОВДЕ