КАША ПОПАРА во „Вест“: Уредникот Петрески врши обид за куртонизирање на ,,Вест” и прави цензура, новинарите се бунат

0
1200

Новиот главен уредник на дневниот весник Вест, Горан Петрески, прави цензура, ги менувал насловите и интервенирал во текстови кои не се во прилог на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Либертас“,

Весникот кој 15 години излегува под мотото „Читај и мисли слободно“ со доаѓањето на Петрески, како што тврдат новинари, се соочувал со отворена цензура.

„Речиси секој ден имаме расправии со главниот уредник, ни менува наслови но и ни менува и брише текстови. Замислете, интервенираше и во веста за повикот од САД до Груевски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ јавно да ја поддржат работата на Катица Јанева. Го избриша повикот директно упатен до власта и додаде дека САД ги повикувала сите партии да ја почитувале специјалната обвинителка Катица Јанева. Не помогна ни спротивставувањето на новинарката дека не е така и дека не го прифаќа тоа, Петрески си остана на ставот дека така ќе било оти тој така сакал“, тврдат тие.

Тој деновиве не сакал ниту во весникот да се тера мајтап со директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, кој стана мета на јавноста по изјавата дека секојдневно имало по 600 нови огласи за работни места, туку инсистирал да се оди со сериозен текст со цитат во насловот. Исто така, Петрески се плашел и не сакал да се третираат теми од здравството.

Како одговор на реакциите на новинарите и одбивањето да ги потишуваат изменетите текстови, Петрески кажал дека доколку не ги потпишуваат нема да им се бројат, и ќе добиваат помали плати.

Новнарите инсистираат на анонимност оти Петрески им се заканил дека ќе ги бркал од работа. По објавите на порталот Доказ дека седи заклучен во уредничката канцеларија и им се заканува со откази, тој, како што тврдат од весникот, за утре закажал вонреден колегиум за да ги дисциплинира, како што наводно порачал.

Од следната недела менаџментот ќе му го донел за заменик уредникот од Дневник, Антонио Спасовски, проверен кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Помошникот ќе треба да му помогне на неснаодливиот Петрески полесно да ги спроведува директивите од власта со новинарскиот тим на Вест кој е навикнат да работи слободно и професионално.

Извор: Либертас