КАВГАТА НА РЕЖИМОТ ОД ГРУЈО И БАТЕ САШЕ СО СЈО ДОСТИГНУВА ЕПСКИ РАЗМЕРИ: Нови кривични пријави против обвинители од Специјалното обвинителство

0
861

Против обвинители во Специјалното јавно обвинителство, поднесени се нови кривични пријави, објавуваат медиумите.

Пријавите се од лица од Свети Николе кои биле повикани на разговори и кои се жалеле дека од соработниците на Јанева биле уценувани, понижувани и заплашувани. Пријавите се за малтретирање при вршење на службата, според член 143 од Кривичниот законик.

Претходно против вработени во Специјалното јавно обвинителство беа поднесени повеќе кривични пријави, а на односот се пожалил и судија. Од обвинителството одговорија дека работат во согласност со законот.