И Јанкулоска ИЗБЕГА, не се појави пред Анкетната комисија, на ред е Груевски

0
897

Членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушување не го изгласаа дневниот ред на седницата на која требаше да сведочи поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, вува „Мета“.

Пратениците отидоа на координација да го договорат редоследот по кој ќе му поставуваат прашања на премиерот, кој треба да сведочи од 12 часот. Според деловникот, први ќе поставуваат прашања двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, еден од СДСМ и еден од ДУИ. Потоа кругот за прашања се повторува, но наместо ДУИ, прашања поставува ДПА, а во третиот круг прашања ќе поставува независната пратеничка Роза Топузовска-Каревска.

Испрашувањето може да трае најмногу осум часа.

Извор: Мета