Исклучените од парно побараа нова средба со премиерот

0
860

Граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење повторно протестираа пред Регулаторната комисија за енергетика. Правдата ја бараат на суд, а сметките за парно не ги плаќаат бидејки услугата не ја користат. Велат дека повторно побарале средба со премиерот Никола Груевски за да побараат да ја потпише нината иницијатива за измени на Законот за енергетика.

Овие грѓани се откажале од парното бидејки добивале слаба топлина и високи сметки.

Со ваков проблем се соочуваат околу 20 илјади домаќинства во главниот град. Притисокот врз граѓаните исклучени од парно дополнително го зголемуваат и извршителите кои веќе започнаа да тропаат на нивните врати.