Исклучените од Топлификација в сабота повторно на протест

0
890

Исклучените од Топлификација повторно ќе протестираат кај триумфална порта во Скопје. Протестот кој ќе се одржи в сабота, почнува во 12 часот.

– Во „Бомбата 48″, која ќе биде прочитана на протестот, ќе биде обелоденето дека во 2006 Советот на Градот Скопје, го одби барањето на Топлификација да се наметне мерењето со калориметри. Како што е познато овој начин на мерење не е точен и покажува постојано плус во корист на Топлификација. Подоцна Топлификација ќе продолжи со обидите да го наметне овој неточен начин на мерење и тоа ќе и успее дури во 2009 година, кога надлежноста ќе биде пренесена на Регулаторната комисија за енергетика“ – соопштуваат  организаторите.

Инаку, во среда (24. 02. 2016) во Основниот суд Скопје 2 ќе се одржи првото, подготвително, рочиште по тужбата која исклучените ја поднесоа против БЕГ и Регулаторна. Рочиштето ќе се одржи со почеток во 10:40 часот. На протестот исто така ќе се зборува и за жалбата со повеќе жалители која се подготвува до Судот во Стразбур. Ќе бидат дадени информации на кој начин граѓаните можат да се приклучат кон оваа жалба.