Индија го произведе најевтиниот паметен телефон во светот: Чини помалку од 4 долари (Фото)

0
1109

Индиска компанија ќе го лансира најевтиниот паметен телефон во светот, со цел секој во државата да има лесен пристап до новата технологија. Производителот Ringing Bells вели дека телефонот наречен Freedom 251 ќе чини 3,66 долари, што е за половина помалку од моментално најевтиниот паметен телефон во Индија.

tel1

Смартфонот Freedom 251 доаѓа со 4 инчен qHD дисплеј, четири-јадрен процесор, 1 GB RAM, 8 GB меморија, 3.2 мегапикселна камера, 3G конекција, батерија со капацитет од 1450 mAh и Android 5.0 Lollipop оперативен систем и ќе може да се купи онлајн.

tel2

Бројот на претплатници на мобилни телефони во Индија достигна повеќе од милијарда, а веќе расте и продажбата на паметните телефони. Инаку, по Индија е втор најголем пазар на паметни телефони на светот.