Ибрахим: Згрозен сум од вчерашниот настан во Крива Паланка

0
877

Згрозен сум и остро го осудувам синоќешниот вандалски чин во кој беше нападнат и демолиран месџидот (место за поклонување) во Крива Паланка. Сметам дека ваквите нечовечки провокации се мотивирани со цел да предизвикат верска нетрпеливост. Но, убеден сум дека нашето мултикултурно општество ќе ги препознае лошите намери и нема да падне на вакви ситни манипулации, изјави денеска Енес Ибрахим пратеник на Партијата за движење на Турците во Македонија.

– Ние ќе изградиме едно општество каде што нема да има место за етничка, верска или било каква нетрпеливост. Средина каде што ќе се почитуваат сите човечки слободи и права, меѓу кои спаѓа и слободата на вероисповест. Исто така на крај ги повикувам тројцата пратеници од ВМРО – ДПМНЕ кои се декларираат како Македонци со Исламска вероисповед да се заинтересираат за пронаоѓање на сторителите на ова злодело – истакна Ибрахим.