ИСТОРИСКО ФОТО: Ајде, ред се редат мале режимските криминалци: Миле Јанакиески на распит во Кривичниот суд!

0
1175

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, моментално е на распит пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1, јавува Мета.

Новинарите кои чекаат пред судот не го забележаа Јанакиески кога влегол  во судот, но како што јави репортерот на „Мета“, го забележале Јанакиески, кој со своите адвокати, меѓу кои е и Никола Додевски, адвокат на поранешниот премиер Никола Груевски, како чека пред судницата каде што се врши распитот.

Судијата на претходна постапка, по распитот на Јанакиески, треба да одлучи дали ќе го прифати или отфрли барањето на СЈО и ќе му одреди мерка притвор или не.

Претходно на распит беше и поранешниот градоначалник на општина Пустец, но сè уште не се знае одлуката на судијата.

Денеска во Специјалното обвинителство на прес-конференција беше посочено дека биле отворени истражни постапки против поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против секретарот на Владата, Кирил Божиновски, за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слободата на гласање, поткуп и за уништување избирачки материјал, а сè за фалсификување на изборите.

Извор: Мета