Зоран Божиновски ја објави најавената БОМБА: 5,17 милијарди причини конечно да се каже дека е доста!

0
1092

Новинарот Зоран Божиновски денеска на својот Фејбук профил ја објави „бомбата“ која што ја најавуваше неколку дена.

„Шест години чекам да стигнам до дата базата на Управата за спречување на перење пари, за сработени над 150 случаи кои вкупно содржат испран криминал од околу 5 милијарди долари. Тие над 150 случаи ги има сработено некогашниот директор на оваа управа, Ване Цветанов, низ деноноќно макотрпна работа со неговиот соработнички тим. По смената на Цветанов, овој експертски маестрален тим е елиминиран, растурен и создаден е нов, послушен! Нов тим кој не се меша во работата за која е платен од ваш џеб. Ноторен факт е дека до денес постоењето на оваа дата база беше само јавна тајна. Бев упорен последните шест години и дојдов до неа. Од денес па натаму, ќе биде наша сурова реалност. Следните два, можеби и повеќе месеци ќе ви овозможам слободен пристап до неа. Податоците во неа укажуваат на многу тешки прекршувања, на сите можни закони, на црно финансирање на политички партии и поединци, дури и финансирање на терористички групи низ светот“, напиша Божиновски.

Според него, фамилијата на власт во РМ, за девет години владеење успеала да ја собере скоро комплетната светска „перачка“ репрезентација и им ја ставила на услуга Република Македонија, НБРМ, нејзините комерцијални банки, институциите на системот.

10171044_810344515754121_4363761466620852533_n

„Едноставно кажано, работеле за сите можни мафии, за провизии од кој на обичниот смртник му се врти во глава. И што е посебно важно, на мафијашите кои им биле клиенти им гарантирале тајност, безбедност, и неказнивост. Едноставно ја рентале Република Македонија, од неа направиле сервис на светската мафија, која пере црни пари. Денес таа мафија дознава дека оваа дата база веќе ја имаат најмалку десетина кои не се блиски до Никола Груевски и братучедите. Ги лажеле мафијашите дека никогаш нема да се дознае како и колку пари испрале во Македонија и однеле на разни страни во светот. А не заборавиле да им наплатат мрсна провизија која се движи помеѓу 15 до 25% по трансакција“, напиша Божиновски.

Тој објави 13 скенирани документи, како што посочи, „прво за шишето“, алудирајќи на аферата која изби во медиумите со шишето пред неколку години, во која беше вплеткан Срѓан Керим.

Повеќе ОВДЕ