Здравствениот систем на Црни Грујо и Тодоров зема уште една жртва: Мртво новороденче пронајдено во тоалет во тетовската болница

0
1022

Синоќа во 22.00 часот Н. А, дежурен лекар во Болница -Тетово пријавил дека во тоалетот на интерното одделение, пронашол мртво новородено бебе покриено со пелени. Јавен Обвинител,  увидна екипа од СВР Тетово и доктор по судска медицина  извршиле увид на  местото на настанот, а телото на новороденото бебе е однесено на одделението за судска медицина, јавува „Телма“.

По извршениот разговор со дежурните лекари од интерното и гинеколошкото одделение при болницата во Тетово констатирано е дека  околу 16.00 часот на интерно одделение била примена пациентката С.Н (36) од с.Групчин која по кратко време заради дијагнозата била  препратена на гинекологија.

Според  мислење на лекарите С.Н. имала спонтано  породување бидејќи пронајденото бебе одговарало на шести месец од бременост, а и добиениот материјал од утерусот укажувал дека С.Н. се породила. С.Н и нејзиниот сопруг Е.А.(42 ) тврделе дека С.Н. не била бремена и дека не се породила. Местото на настанот е фотодокументирано и земени се брисеви за ДНК  анализа.  Секторот за внатрешни работи -Тетово презема мерки за целосно расчистување на  случајот.