За пропаднатиот проект „Јајце“ досега потрошени 435 илјади евра

0
1110

Речиси пола милион евра потрошило досега Министерството за култура за изработка на проектот „Јајце“ кој требаше да се гради на местото на „Универзална сала“, проект, кој вчера министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска, го откажа поради тоа што ваквата инвестиција е премногу скапа. Наместо тоа, рече вчера Милевска, Универзална сала ќе се реконструира, оти  реконструкцијата била далеку поевтина варијанта. Така, место 65 милиони евра, обновата- ќе чини 15 милиони евра.

Податоците од Бирото за јавни набавки, покажува дека досега за овој проект, биле случени два договори и тоа, првиот за избор на ревидентска куќа за ревизија на Основен проект за објект Универзална сала-Скопје за сите фази и вториот за изработка на Основен проект за објект Конгресен центар со универзална сала-Скопје за сите фази, согласно проектната програма на Министерството за култура. Двата заедно се во вкупна вредност од 435.000 евра

nabavki-670x288

Ревизијата на Универзалната сала, договор кој во јуни 2014 година го склучило Министерството за култура чинел речиси 30.000 евра, а го направил Градежниот институт Македонија АД – Скопје. Овој институт правел архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа. Договорот е склучен со времетраење од 30 дена.

Договорот за изработката, пак,  на основниот проект ова министерството го склучило во јуни 2015 година во вредност од 405 илјади евра, а го добило Друштвото за проектирање, градежништво, инженеринг, трговија и услуги Архи Груп План исто од Скопје. Договорот е со времетрање од осум месеци, а истиот се однесува на архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа.

извор: Капитал