За изборите во 2016-та Црни Грујо до Нова година ќе не задолжи со неверојатни 500 милиони евра!

0
1188

Новата еврообврзница ќе тежи 500 милиони евра. Четвратата хартија од вредност на меѓународниот пазар, Македонија ќе ја издаде до крајот на годинава, а парите ќе се користат за покривање на буџетските дефицити за оваа и следната година и за рефинансирање на старите долгови, јавува Телма.

Рокот за отплата на еврообврзницата е 10 години, а ќе се издаде преку претставништвото на Дојче Банк во Лондон.

Одлуката за издавање на еврообврзницата, владата ја донела на 20 октомрви, а објавена е во Службен Весник на 02.11.2015.

„Вкупната номинална вредност на еврообврзницата изнесува до 500 милиони евра или против вредност во американски долари. Министерството за финансии плака камата на еврообврзницата еднаш годишно“, пишува во одлуката.

Еврообврзницата ќе котира и со неа ќе се тргува на Ирската бeрза за хартии од вредност.

Македонија по четврти пат се задолжува на мeѓународнитe пазари. Лани преку еврообврзница, владата позајми 500 милиони евра со камата од 3,9% и таа треба да се отплати во 2021 година.

Во 2009 година беше издадена еврообврзница тешка 175 милиони евра, а првата беше издадена во 2005-та во износ од 150 милиони евра и таа е веќе отплатена.

Вкупното салдо на задолжувања со еврообврзница изнесува 1,325 милијарди евра.