За време турско тепаа со камшик, во Веибо денес тепаат со закачалки

0
1913

Вработен во турската компанија Веибо груп, која беше најавена како голема инвестиција во државата која требаше да вработи 5600 лица, почна да се изживува со вработените.

10 часовното време 6 дена во неделата стана вообичаено, немањето можност за редовна пауза, да се јавиш на телефон или да појдеш до тоалет исто така. Од огромниот притисок секој ден по еден двајца паѓаат во несвест и реагира првата медицинска помош. Она што е невообичаено е тоа што менаџерите на оваа фирма почнале да тепаат, не само со раце туку и со закачалките за текстил.

Таков е и овој случај со еден вработен кој откако се пожалил до трудовата инспекторка во Крива Паланка, експресно добил отказно решение, иако договорот му важел до 31.12.2015година.

12305615_10153224662027196_1785705692_n (1)

Вработените бараат спас во новата министерка за труд и социјала, и како што велат ова повеќе не се издржува за мизерни 8.000 денари.