Затвори го пенџерчето, се загушивме, ќе поцркаме!

0
1327

Македонија, 10-та година по ред, земја на шампиони! И Бразил е земја на шампиони десетици години, во фудбал.

САД е земја на шампиони во кошарка и во многу други работи.

Кина е шампион по број на население, но и по извоз.

Во суштина, скоро секоја земја е шампион во нешто.
А ние, секако, како и во се останато во изминативе десет години предничиме и сме пред останатите!

Па така, прваци сме во мизерија во светски рамки според еминентниот магазин „Економист”. Не ни е доволно па моравме да станеме и шампиони во иселување со преку 600.000 иселени граѓани според ОЕЦД и Еуростат. И тоа не е доволно, па моравме да станеме и шампиони во младинска невработеност и цврсто го држиме првото место во Европа со 53 проценти, според Светска банка. Секогаш, „во еминентно и пријатно” друштво со останати шампиони во овие дисциплини како Буркина Фасо, Мозамбик, Еритреа, Руанда… Но, таман ќе помислиме дека повеќе нема во што да „победуваме” и одеднаш, оп, „Миле ми текна” и веднаш наоѓаме друга дисциплина за борба со горенаведените земји. Они на нас ќе ни го земале првото место во загаденост на воздухот! Како да не, Груевски има план како да го освои и ова прво место, а од ваквиот пеколен план на Индија, Пакистан и Бангладеш веќе им „тече низ ногавици”. Ќе ни го земале првото место, ма нека одат во ПМ10 и ПМ2.5 честичка!

Колумната на Стефан Богоев во целост прочитајте ја ОВДЕ