Заев денеска ќе се сретне со европратениците Питела, Ховит и Фленкенштајн

0
984

zaev041

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе се сретне со делегација на европарламентарци предводена до Џани Питела, претседател на групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент.

Во делeгацијата од европарламентот, покрај Питела, се и Кнут Фленкенштајн, потпретседател на групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент и Ричард Ховит, европратеник.

Средбата на претседателот Заев со европарламентарците ќе се одржи во седиштето на СДСМ.

Партијата соопшти дека по средбата, во 15:00 часот, пред седиштето на СДСМ, Заев и Питела ќе дадат изјави за медиумите.