Заев бара новинарите да влезат во Клуб на пратеници, ВМРО-ДПМНЕ одбива

0
1290

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и замник-претседателката Радмила Шекеринска побарале новинарите кои чекаат пред Клубот на пратени да влезат внатре, но владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го одбила предлогот, брифираат извори од внатре.

Дел од новинарите поради ладното време заминаа од пред Клубот на пратеници каде во тек се преговори меѓу партиските лидери. Дел се се уште таму и се засолнети во автомобилите на паркингот за да не мрзнат на отворено.

Лидерските средби знаат да траат по неколку часа и неизвесно е колку време ќе трае денешната. Во услови на ладно време и загаден воздух, третманот кон новинарите е понижувачки.

Предмет на преговорите денеска се реформите во медиумите како и експертскиот дел од составот на ДИК.