Заев: Изразувам длабоко сочувство до граѓаните на Русија

0
931

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во амбасадата на Руската Федерација во Скопје се потпиша во Книгата на жалост отворена по трагичната авионска несреќа што ги потресе Русија и светот.

„До семејствата на загинатите во авионската несреќа, до пријателскиот народ во Русија, во име на граѓаните на Македонија изразувам искрено и длабоко сочувство“, напиша меѓу другото, претседателот Заев.