Заев: Избори на 24 април нема да се случат!

0
951

Опозицискиот лидер пред малку на прес конференција уште еднаш потврди дека услови да се одржат избори на 24 април нема.

Заев повтори дека сите рокови од договорот од Пржино се пробиени и затоа не може да се испочитува ниту првичниот датум закажан за 24 април.

Како можен датум за одржување на предвремени парламентарни избори Заев ги посочи 5 јуни или 5 јули.