Заев: Заедничка иднина во едно општество

0
871

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на граѓаните од албанската етничка заедница им го честита 22 ноември – Денот на албанската азбука.

„Почитувани сограѓани,

Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име, ви го честитам Денот кога е утврдена и усвоена албанската азбука.

Одбележувањето на овој ден, е изразување почит кон албанските интелектуалци кои на познатиот Битолски конгрес, во 1908 година ја донесоа одлуката за унифицирање на единствено албанско писмо.

Но овој ден е и потсетник дека јазикот на граѓаните Албанци во земјава е дел од богатото јазично и културно наследство во Република Македонија.

Тоа богато културно – историско наследство е огромна традиционална придобивка за сите граѓани кои живеат во Македонија и наша заедничка и света обврска да го чуваме, негуваме и вреднуваме, како што тоа го правеле нашите претци.

Денес, кога граѓаните во Македонија, без разлика на различностите по која било основа се соочуваат со истите проблеми, сиромаштија, безработица, бесперспективност фокусoт мора да биде кон нашите заеднички соништа: да живеме во економски стабилна земја, во едно општетство за сите, во просперитетна и единствена Република Македонија, дел од Европската унија и НАТО.

Таква Македонија е дом за сите граѓани и пример за Европа и светот.

Покажавме како можеме заеднички да се бориме за овие темелни вредности на Република Македонија и заедно продожуваме на тој пат конечното остварување на оваа цел“.