Заев: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат намера да избегаат од фер и демократски избори

0
1268

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по денешната средба со лидерите на Националната демократска преродба (НДК), Весел Мемеди и претседателот на Движењето за реформи – ДПА, Зијадин Села, рече дека имаат заеднички став дека на 24 април нема да има избори, пренесува „Мета“

Заев рече дека без прочистен избирачки список и регулирани медиуми, избори не можат да се одржат.

– Се надеваме дека овие услови ќе се исполнат за да може и опозицијата да учествува на избори – рече Заев.

Со него се согласија Мемеди и Села, кои рекоа дека без решавање на круцијалните проблеми во државата, избори не смеат да се одржат.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев потврди дека СДСМ дека ја доставил методологијата за прочистување на избирачкиот список до ДИК.

– ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат намера да избегаат од фер и демократски избори. Сега сите партии ги доставија методлогиите до ДИК и целата работа не зависи веќе од политичарите, туку од комисијата, која е надлежна да го прочисти списокот и за тоа да ја информира јавноста – рече Заев.

Тој додаде дека ја прифатиле методолигијата што ја доставиле без оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ не го прифати нивниот предлог за медиумите од минатата недела, затоа што не сакаат ВМРО-ДПМНЕ тоа да го искористи како причина дека СДСМ намерно ја сопира работата.

– По ова ќе видите како ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат да го кочат процесот и како на преговорите за медиумите ќе опструираат и намерно ќе одложуваат за да не дојде до избори. Не сакаме ние да бидеме причината за одолжувањето. Опозицијата сака брзи избори, ако може и веднаш, но тие да бидат фер и демократски. Ако не ја прифатевме методологијата, ќе оставевеме впечаток дека ние ја кочиме работата – додаде Заев.

Одговорајќи на новинарско прашање, тој рече дека не постои можност меѓународната заедница на 20 февруари да излезе со став дека условите за фер избори на 24 април се исполнети затоа што законски нема доволно време да се прочисти списокот.

Извор: Мета