ЗНМ и ССНМ инсистираат политичките партии да го прифатат предлогот на Ванхауте

0
895

Утре политичките партии продолужваат со преговори за реформите во медиумите, па затоа ги повикуваме ЕУ и САД да инсистираат кај преговарачите да го прифатат предлогот на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, пренесува „Мета“,

Според него, овој предлог е најдобро решение затоа што во него се имплементирани најдобрите европски практики дополнети со искуствата на македонските новинари.

– Ги повикуваме политичките партии да демонстрираат политичка зрелост и да го прифатат предлогот на Ванхауте за реформите во медиумите. Со овој закон, МТВ ќе стане сервис на граѓаните и ќе престане практиката власта да ги корумпира медиумите. Само така може да се обезбедат фер и демократски избори – изјави Селмани.

Предлогот на Ванхауте е прифалтив и за Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ, вели дека ова се клучни моменти како за иднината на Македонија така и за професијата новинар.

– Новинарството има силни непријатели, кои имаат пари, моќ и власт. ССНМ нема да прифати решение кое ќе ја деградира професијата новинар и затоа мислиме дека се потребни системски чекори за решавање на овој проблем. Дотогаш идеално решение за медиумите е да се прифати законот на Ванхауте – изјави Чаусидис.

Денеска, во 16 часот, претставници на ЗНМ ќе имаат средба со техничкиот премиер Емил Димитриев.

Извор: Мета