Жерновски: Груевски се спрема да ги фалсификува и следните избори

0
965

Груевски спрема амнестија преку неговиот последен инструмент- уставните судии.

Со ваквиот потег, тој практично си пресуди уште пред официјалниот старт на истрагата. Има ли од ова поголемо признание за сторениот фалсификат на локалните и парламентарните избори?

Но, позади оваа јасна намера на Груевски, се крие нешто многу поопасно. Доколку дозволиме ваквата измена да стане реалност, со што безгласниот и безличен Ѓорѓе Иванов ќе добие можност да помилува осуденици за изборни измами, тоа несомнено значи дека

Груевски се спрема за фалсификување и на следните избори.

Без никакви дилеми, ова е директен упад во пржинскиот договор. На овој начин, Груевски однапред си ја обезбедува слободата за себе и своите соработници, за да може најрелаксирано да спроведе уште едни нелегитимни избори.

Со ваквата измена, исто така, ќе се обезбеди слобода и за фалсификаторите на изборите во општина Центар и за осомничените во “Титаник”.

Ги повикувам сите засегнати страни, граѓаните и меѓународниот фактор, силно да се спротивстават на ваквата одлука.

Не смееме да дозволиме Груевски и криминалците да се самоамнестираат.

Фејсбук статус на Андреј Жерновски