ЖЕСТОКА реакција на „Канал 77“ на дозволата која ја доби режимскиот олигарх Сеад Кочан да направи уште една КУРТОН телевизија: Власта се плаши од нова објективна телевизија

0
1261

Медиумите, особено неколку национални телевизии, отсекогаш биле главното оружје на оваа власта. Поради тоа, власта преку Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги, која ја има под контрола, особено внимателно избира дали и кому ќе додели дозвола за нова телевизија. Пред некој месец дозвола да отвори национална телевизија доби Сеад Кочан, главниот парнер на власта во „градежната офанзива“преку компанијата „Трансмет“.

Канал 77 по трет пат е одбиен од истата оваа агенција (АВМУ) во барањето за објавување на конкурс за дозвола за телевизиски програмски сервис со претежно информативен општ формат, преку ДВБ-Т. Според Агенцијата, може да дозволи телевизија која ќе продуцира детска и документарна програма, но не и информативна. Истражувањата пак, што ги има спроведено истата оваа Агенција велат дека 82,9 отсто од граѓаните не им верува или делумично им верува и не се задоволни од домашната телевизиска понуда и бараат објективно и професионално телевизиско информирање.

Зошто е непотребна телевизија со информативен општ формат, Агнецијата ја образложува со тоа дека ќе им се земе од колачот на сегашните телевизии.

Во објавената Студија од Агенцијата за оправданоста добивање на дозвола за телевизија каква што бара Канал 77, стои: дека “Реакциите на моменталните играчи се очекувани и легитимни бидејќи новиот играч освен што би земал дел од нивниот профит, може да наштети на целокупната индустрија доколку економски не го оправда своето постоење и згасне по одреден период.” Агенцијата е загрижена за финансискиот ефект за инвеститорот, кој во слободната економија, сам го презема ризикот со отворањето на нов медиум!

На расправата во Агенцијата при гласањето за оправданоста за отварање на конкурс за доделување на дозвола за телевизиско емитување на национално ниво преку дигитален терестеријален мултиплекс, од седумте члена, против беа членовите блиски до владеајчката партија, додека воздржано гласаа претставникот од ЗНМ и единствените двајца членови Албанци.

Целата рекација ОВДЕ