ЖЕЖОК ШАМАР ЗА ГРУЕВСКИ – Шефицата на Светска Банка за Југоисточна Европа, Елен Голдстајн: Рангирањето Дуинг Бизнис не ги мери клучните параметри за економијата на една земја а токму кои во Македонија се многу слаби – владеење на право и степен на корупција!!!

0
1394

Во врска со високото рангирање на Македонија на листата на „Дуинг бизнис“, овде се отворија многу дискусии, во смисла дека тоа не ја отсликува реално економската ситуација. Како тоа го коментирате?

Елен Голдстајн, директор на Светска Банка за Југоисточна Европа: 

“Благодарам за прашањето, бидејќи навистина сакам да дадам појаснување околу оваа тема. „Дуинг-бизнис“ мери 10 многу конкретни показатели, на пример колку лесно се започнува бизнис, или колку лесно се добива кредит.

Но, има многу други работи кои ДБ не ги мери, а кои сепак влијаат на инвестициската клима. Значи, во овие 10 области, Македонија напреднала многу добро во насока на подобрување на правната и регулаторната рамка. Тоа се битни работи кои ќе имаат позитивно влијание врз идниот раст, и македонските граѓани можат да бидат горди дека има добар напредок.

Но, многу битна поента е дека дел од работите што ДБ не ги мери, се едни од најважните и најосновните елементи за инвестициската клима. Таква е, на пример, макроекономската стабилност, во однос на што Македонија добро напредна во изминативе години. Но, во делот на политичката предвидливост, пак, Македонија практично страда. И владеењето на правото, како и корупцијата, се полиња на кои Македонија се бори. Така што, една земја може да биде високо рангирана на ДБ, но не секогаш ги има сите потребни елементи за одлична и стабилна инвестициска клима.”

Целото интервју на следниов линк ОВДЕ.