Експертутката Каракамишева ги запали социјалните мрежи со нејзиното најново провидение: Младите од Македонија не заминуваaт од финансиски причини туку по љубов

0
1413

Провладината аналитичарка Тања Kаракамишева-Јовановска вината за иселувањето на, според податоците околу 600.000 луѓе (најголем дел млади) не ја гледа во бесперспективноста за младите туку, според неа, во „белиот свет“ барале љубов.

Ставот на Каракамипева, на социјалните мрежи наиде на револт, критики и исмевање.

Дел од колумната на провладината аналитичарка:

Минатата година, како и оние неколку пред неа, една од главните теми на опозициската критика кон власта беше процесот на иселувањето на младите од државата. Постојаните критики на оваа тема не можат да го остават човека без коментар и без асоцијација со познатите вицеви за Мујо во Kанада, и за Мујо во Флорида. Поучни се, вреди да се прочитаат. Заминувањето на младите многу често се генерализира и се сведува на давање паушални и површни коментари. Посебно за заминувањето на некои луѓе кои и лично ги познавам. Социјалните мрежи се преполни со постови од типот браво, алал да ти е, кај и да е и јас ќе заминам и слично. За разлика од овие коментари, моите сознанија за проблемов се поинакви. Опозицијата, но и луѓето многу малку навлегуваат во вистинските причини за заминувањето на младите во странство.

Иако мојот репрезентативен примерок е релативно мал (околу триесетина луѓе), сепак тој може да биде добра основа за лоцирање на вистинските причини за заминувањето на младите од земјата. Иако генерално во јавноста се мисли дека причините се од егзистенцијална, а се шпекулира дека се и од политичка природа, многу малку се знае дека најголемиот дел не заминале во странство заради недостаток од пари, туку заради духовна неисполнетост, нереализираност на приватен план, како и поради чувството на љубовна празнина во домот. Во најголем број од случаите се работи за тага поради невозвратена или непреболена љубов па чарето одлучиле да го бараат во заминување подалеку од партнерот со мислата дека ако се подалеку од местото каде што с` ги потсетува на неа/него полесно ќе им оди со преболувањето. Значи, раскинувањето или разводот од партнерот, но и незадоволството од семејните односи меѓу родителите, браќата, сестрите (главно заради присутното семејно насилство) се најчестата причина за заминувањето на младите.