Европратениците Вајгл, Ховит и Кукан се сретнаа со Заев

0
914

Тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан попладнево во седиштето на СДСМ имаа средба со лидерот на партијата Зоран Заев.

По средбата тие не дадоа изјава за медиумите. Посочија дека изјава ќе дадат утре откако ќе завршат сите нивни средби во Скопје.

Вајгл, Ховит и Кукан од седиштето на СДСМ се упатија кон Канцеларијата на Европската комисија во Скопје каде што имаат средба со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Исто така денеска тие имаа и разговори со високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што лидерот на оваа партија и премиер Никола Груевски е во посета на САД.

Тројцата европратеници утре треба да имаат средба во ДИК, а исто така треба да се сретнат и со специјалната обвинителка Катица Јанева.

За утре е најавена прес-конференција на европратениците.

извор: РСЕ